Хирургија го стави здравството во колапс, а Илир Хасани пајташот на Венко Филипче и еден од главните на Хирургија, нема збор за операциските сали, ама затоа се кара со Тирана заради дипломатска честитка!?, пишува на фејсбук Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Хасани се најде повикан од ДУИ за политички изјави, а за Хирургија каде зема плата и е распадната, нема збор? Срамота, друг збор нема. Тоа се тие кадри на СДСДУИ, пајташи во градби, министерско-заменичко партнерство, кадри на дедото на Венко. Е ова е вистината за СДС/ДУИ. И за ова и беше пресот денеска; таман се наредени на агрегаторот. Од 12 главни, сите молчат а најголем број се по 7 години раководители/директори.
Срам за белиот мантил!
Ова е тежок удар за целата фела!
Одговорност ќе има!, вели Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.