„СДС/ДУИ го потврди пресот од петокот дека цел викенд никаде ќе ги нема, поважен е викендот и партиските функции од катастрофата во Хирургија“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Здравството тоне, проблемот со Хирургија и уште повеќе немањето волја брзо да се реши не може да се исклучи од аспектот за намерно рушење, односно мини државен удар во здравството.
Оттука, ќе поставам и прашања и до исчезнатиот министер Илир Демири, и до заменичката Маја Манолева, дали се работи за санација која би вредела 120.000 евра? Дали заради 120.000 евра, се создаде колапс на сиот здравствен систем? Каде е сега претприемачкиот дух на ДУИ, каде е претприемачкиот дух на семејството на Али Ахмети, или тој важи само за трговски центри и бизниси со енергенси?
Дали СДС/ДУИ свесно креираа проблем којшто го уништи столбот на терцијалното здравство, Хирургија, 12 оддели се исклучени, а нив никаде ги нема, вклучително и директорите, вклучително и оние Заеднички служби, вклучително и економскиот директор и администраторите кои заминаа на Азурен брег?
Почитувани, ова е срамно, недостоинствено, и над се неетички и нехумано. Трета недела нема никаков план за решавање на проблемот на хирургија, ниту пак некакви решенија се понудени.
12-те директори на оддели кои функционираат на Хирургија се уште немаат доблест да излезат во јавност и да проговорат за проблемите и за тоа колку пациенти со тешка медицинска состојба се оставени на чекање.
Одговорност ќе има, а неа нема да ја сноси повторно некој кабел!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.