Дрисла, претпријатие за справување со отпад, кое што во опис на работата има потреба од градежна машинерија, и ја има и ја поседува, за само две години 2019 и 2020 година, исплаќа речиси еден милион евра за изнајмување на багери, на градежни машини. А, парите ги добива братучед на генерален секретар на влада на СДСМ, додека директорува со Дрисла кадар на СДСМ, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Институциите како Јавното обвинителство и ДКСК мора да одговорат дали единствената причина зад фактурите од 850 илјади евра за две години испратени од фирмата, струмичката фирма до Дрисла, лежи во крвното сродство меѓу Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев?
Дали врската со Рашковски била причината 850 илјади евра да бидат исплатени на Пиперевалиев, наместо одржување на машинеријата на Дрисла? И дали крвното сродство било посилно од Законот за јавни набавки, па договорот е склучен во четири очи?
Според договорот од 2020-та година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откога Дрисла станува ЈП и со него почнува да управува Коста Начевски, функционер на СДСМ. Веројатно крвната врска е пресудна и за менување на условите во огласот и тоа во време додека огласот бил објавен и активен, па се бришат услови како биланс во последните три години или минимален број на вработени – 12 лица!
Уште еднаш, со два договори, договор во четири очи, фирмата којашто нема ниту 12 вработени, за две години фактурира 850 илјади евра. Договори меѓу Дрисла и братучед на генерален секретар на владата на СДСМ, за изнајмување на багери за Дрисла која што и сама поседува механизација!?
Почитувани,
СДСМ не може да го сокрие криминалот во своите редови се додека со институциите владеат истите лица. Македонија може да излезе од кризна состојба само со брзи предвремени избори. Колку повеќе се чека толку повеќе се тоне во корупција, криминал и кризи!
На прашањето за став во врска со видеото и фејсбук пораката на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Стоилковски вели:
Секогаш кога Али Ахмети сака да и се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја подржува онаа иницијатива на Србија „Отворен Балкан” во која што Косово не е ниту спомнато, а се вади и измислува зелена агенда. А, секогаш кога треба на Али Ахмети и на Ковачевски да поминат тендерите и милионите во РЕК Битола или во Осломеј, Ахмети станува загрижен патриот и збори за Косово.
Али Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција. Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде што има на диво приклучен кабел за струја, треба да провери и околу кадрите кои што 20 години се во институциите и се извор на криминал и корупција во државата.
Зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за да ДУИ се покрие во моментите кога од народот се краде најмногу. И колку повеќе ДУИ и СДСМ сложно крадат, толку народот е посиромашен.
Од набавката на мазутот на Крешник Бектеши, до милионски тендери за РЕК на Ковачевски кои државата ја оставија без струја, функционерите на ДУИ и на СДСМ не смеат да бидат феудалци кои се недопрени од законот, кои што се богатат на грбот на сите граѓани на Македонија.
Човек којшто се занимавал со картички за паркинг вредни 1.000 денари нема кредибилитет да зборува за било што, смета Стоилковски.
Илузорно е да се очекува промена на Устав без гласовите на Македонците, на мнозинството во Македонија. Она што треба Груби да го направи, е барем еднаш да каже што точно ќе направи за да ја стекне довербата кај граѓаните во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.