Лидерот на Демократската партија на Србите и пратеник во Собранието Иван Стоилковиќ ја подели ударната информација на српските медиуми денеска дека пропаднала иницијативата на Еди Рама да се отфрли извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа и му порача на пратеникот на СДСМ и портпарол на партијата Дарко Каевски дека му пропаднал потписот.
Јавете му на пратеникот и потписникот на оваа иницијатива Дарко Каевски од СДСМ дека пропадна неговиот потпис. Инаку не им е прв семејно да ги продаваат интересите на својот народ. #кајевић, пишува Стоилковиќ на Фејсбук.
Како што претходно откри Стоилковиќ, Дарко Каевски бил главен лобист да се отфрли извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа.
Летоска, Тирана усвои Декларација со која се отфрлаат обвинувањата за трговија со човечки органи за време на војната на Косово, односно сакаат да се укине Извештајот на Дик Марти усвоен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, заради кој сите команданти на УЧК се испратени во Хаг. Знаете кој е главен лобист од Македонија, кој собира потписи, кој лобира да се соберат потписи за отфрлање на извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа? Дарко Каевски е главниот лобист за собирањето на тие потписи, изјави Иван Стоилковиќ од ДПСМ во интервјуто на Алфа ТВ.
Шест месеци го кријат детето кое е албански лобиста и кој собира потписи да ги извади командантите на УЧК кои се во Хаг. Најмалку шест месеци сите нивни медиуми го кријат, изјави лидерот на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ во интервју за емисијата “Што не е јасно“ на Алфа ТВ.
Обидот на албанскиот премиер Еди Рама да го оспори извештајот на Дик Марти за трговијата со човечки органи не помина во Советот на Европа не успеа, информира Елвира Ковач, членка на делегацијата на српскиот парламент во СЕ и потпретседателка на Парламентарното собрание на СЕ (ПССЕ).
Како што пренесуваат српските медиуми, Ковач наведува дека на вчерашната седница на Бирото на ПССЕ било одлучено да се креираат само информации за иницијативата на Албанија.
Ковачева посочува дека не е тешко да се соберат 20 потписи, од најмалку пет земји и две политички групи, за да се покрене иницијатива во Советот на Европа.
Така тоа барање мораше да биде на дневен ред на Бирото на ПССЕ, но може да носи различни одлуки. Кога некој покренува иницијатива за резолуција, како што направи Албанија, тоа не мора да биде одлука за креирање извештај, како што сакаше Тирана. Сакаа нивната иницијатива да биде проследена до комисијата за правни прашања, да се избере известувач и на крајот испадна дека Жолтата куќа не постои. Не помина, вели Ковач.
Таа објаснува дека Бирото на ПССЕ го усвоило предлогот иницијативата во Тирана да произведува само информации, кои немаат никаква политичка тежина, бидејќи нема да се прави извештај, туку ќе се подготвуваат информации поврзани со иницијативата.
Би било навистина безобразно да се преиспитаат претходните извештаи и работата на Комитетот на Советот на Европа. Тоа би бил невиден преседан, досега не се случил, вели Ковач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.