Главен лобист за собирање потписи за отфрлање на извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа во Косово и Метохија е Дарко Каевски, изјави вечерва за ТВ Алфа пратеникот Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија. Каевски е шеф на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Летоска, Тирана усвои Декларација со која се отфрлаат обвинувањата за трговија со човечки органи за време на војната на Косово, односно сакаат да се укине Извештајот на Дик Марти усвоен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, заради кој сите команданти на УЧК се испратени во Хаг. Знаете кој е главен лобиста од Македонија, кој собира потписи, кој лобира да се соберат потписи за  отфрлање на извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа? Дарко Каевски е главниот лобиста за собирањето на тие потписи. Шест месеци го кријат детето кое е албански лобиста и кој собира потписи да ги извади командантите на УЧК кои се во Хаг. Најмалку шест месеци сите нивни медиуми го кријат, изјави лидерот на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ во интервју за емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

Во декември 2022 година, постојаната мисија на Албанија до сите земји-членки на Советот на Европа и набљудувачи ја достави Резолуцијата за неоснованоста на тврдењата за нелегална трговија со човечки органи во Косово и Албанија. Во Резолуцијата се вели дека изјавите од извештајот на Дик Марти и по 10 години истрага не се докажани, не се основани на факти.

Во извештајот од 2010 година, составен од тогашниот швајцарски сенатор Дик Марти и одобрен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, се тврди дека водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) биле вмешани во трговија со органи во периодот 1998-99 година.

Во Специјалниот суд во Хаг во тек се неколку судски процеси против некои поранешни лидери на ОВК. Меѓу нив се Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Во обвинението против нив се споменуваат воени злосторства и злосторства против човештвото, но не и „трговија со човечки органи“. Али Ахмети од Македонија беше повикан како сведок. И Артан Груби е поврзан со Жолтата куќа, но тој тврди дека бил само преведувач.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.