Стево Пендаровски е индиго препис на претседател, по налог на Ковачевски и Ахмети потпиша измени на КЗ во секунда.Пендаровски ги фрли во корпа сите тези на владеење на право и правна држава, смета ВМРО-ДПМНЕ
Попусто се обидува Пендаровски да глуми дека има некаков став, кога му беа потребни само неколку секунди да ги потпише измените во КЗ. Пендаровски е слободен да има свој став, се додека Ковачевски и Ахмети не му кажат поинаку, од тука можеби и му доаѓа нервозата, која ја разбираме, но не ја оправдуваме.
Дури се сомневаме дека во последно време претпоставува што би биле барањата на Ковачевски и Ахмети, па пробува од прва да го има истиот став.
Пендаровски е тој кој кажа дека бугарскиот диктат е всушност негов, т.е. тој го составил.
Пендаровски цел мандат нема направено ништо добро, но затоа има направено штета која со години ќе треба да се санира
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.