Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на лесни тактички воени возила на Владата на Македонија, опрема и програми, чија вредност се проценува на околу 111 милиони долари, објави Американската агенција за одбранбена безбедносна соработка (DSCA).

Вчера DSCA достави соодветна документација до Конгресот за можна продажба, беше објавено на веб-страницата на Стејт департментот.

Нагласено е дека предложената продажба ќе ја поддржи надворешната политика и националната безбедност на САД бидејќи ќе ја зајакне безбедноста на сојузниците во НАТО.

Предложената продажба ќе го зајакне капацитетот на Македонија да се справи со сегашните и идните закани со тактички возила за одвраќање на противниците и учество во операциите на НАТО, се вели во соопштението.

Се додава дека предложената продажба на опрема нема да ја наруши воената рамнотежа во регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.