„Дневно мора да се достигнат 100 склекови за две минути“ – вели 21-годишниот битолчанец Стефан Здравевски, прв кадет од Македонија на престижната воена академија Вест Поинт во сојузната држава Њујорк на Отсекот за одбранбена стратегија и науки.

 

 

Деновите не се лесни, но предизвикот да биде со најдобрите на воената академија му ги олеснува задачите, за кои, вели дека ужива во совладувањето на професионалната обука и искуство.

 

 

После напорни вежби, малку одмор за кадетите, па интензивните тренинзи продолжуваат.

„Денот почнува во пет часот наутро, излегувам и вежбам зависи што ми е во програмата. Потоа имаме постројување во 6,50, појадок од 7 до 7,30, а во 7,45 ни почнуваат часовите, а последниот час ни е во 16,10, најчесто имаме од 3 до 5 школска класови. Потоа, имаме тренинг со баталјонот, па пишуваме домашни задачи, на крај од денот да се потрудиме полесно да заспиеме“, вели Стефан Здравевски, прв кадет од Македонија на престижната воена академија Вест Поинт за Гласот на Америка.

Му се допаѓа пешадијата. Знае дека има голема одговорност, пред се, стекнатото знаење, да го донесе дома во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.