Зошто да ја разрешам, кажа министерот за здравство, Илир Демири на новинарско прашање зошто не е разрешена организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази откако претходно кажа дека веднаш би ги остранил лицата од таквите позиции.
Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработиле тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени? Имам факти дека медицинскиот директор заедно со другиот колега кои се трудеа да направат мобинг, сум ги разрешил. Бесија кога ќе го заслужи законот, ќе биде разрешена. Таа не го прекршила законот. Каде беше ДСЗИ кога тие пет месеци не примале плата и да реагираат? Каде е ДСЗИ да достави извештај за случувањата на хируршките сали – праша Демири, критикувајќи дека Инспекторатот добива новинарски извештаи пред него како министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.