СТАОРЦИ СЕ ШЕТААТ ПО КЛИНИКИ – ОВА Е СЛИКАТА ВО РЕСОРОТ ЗДРАВСТВО КОЕ НА МАРГИНИТЕ ГО ОСТАВИ ВЛАСТА ВО ЗАМИНУВАЊЕ
❗️Комисијата за здравство на ВМРО -ДПМНЕ во повеќе наврати алармираше за неводењето грижа за хигиената во клиниките и во повеќе здравствени установи низ државата.
❗ Видеото со огромен стаорец како шета низ Клиниката за кардиологија кое е објавено на социјалните мрежи всушност ја отсликува сликата која денес по 7 години ја остава одродената власт во заминување која не само што не го изгради новиот Клинички центар и во наследство остава пенали за неградење на истиот изразени во најмалку 20 милиони евра оштета, покажа на дело дека не се грижи ниту за хигиената на постојните Клиники.
❓Нема одговори на прашањата:
1. Дали ДСЗИ врши контрола за хигиената на Клиника за кардиологија и другите клиники,но и сите јавни здравствени установи ширум државата и кои се наводите доколку се вршат овие надзори?
2. Дали на секои 6 месеци се врши ДДД во здравствените установи и кои се наводите од овие контроли ☑️ВМРО – ДПМНЕ многу скоро ќе стави крај на лошите практики во здравството, а граѓаните ќе го кажат последниот збор за сите негативни појави во здравствениот систем.
Ќе покажеме вистински што значи одговорно, отчетно и домаќинско работење во интерес на сите граѓани и здравствениот систем, велат во Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.