Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, денеска изјави дека ЕУ во неколку наврати била јасна што очекува од Косово за да бидат повлечени мерките воведени во Приштина и дека ЕУ е подготвена да воведе драстични мерки доколку нема деескалација на ситуацијата на северот на Косово.
ЕУ побара од Косово да дејствува во насока на деескалација и веднаш да ги прекине сите полициски акции во и околу административните општински згради во општините со српско мнозинство на северот на Косово. Четворица градоначалници привремено ќе ги извршуваат своите должности надвор од општинските згради. Ја забележавме и ја поздравивме најавата на Владата на Косово за намалување на полициското присуство за 25 отсто во и околу општинските згради. Сето тоа се важни чекори, но потребни се дополнителни чекори – рече Стано на редовниот брифинг со новинарите на прашањето дали ЕУ ќе почне да ги укинува мерките против Косово во моментот кога се распишуваат избори во четири општини на северот на Косово со српско мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.