Техничките станици и понатаму наплаќаат за промена на сообраќајните дозволи оти до нив уште нема стигнато допис од Министерството за внатрешни работи (МВР). Вработени на техничките станици велат дека не можат да издаваат бесплатни документи оти официјално немаат добиено ништо од МВР, дознава „СДК,мк“.
„Не знаеме како да ја спроведеме постапката и кој ќе ги покрива трошоците. Додека не добиеме официјално известување од МВР не можеме да ги издаваме дозволите бесплтено. Не знаеме дали бесплатни ќе бидат само книшките или сите давачки“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК вработени на техничките станици.
Вадењето на нова сообраќајна дозвола чини околу 1.100 денари. 200 денари чини сообраќајната книшка, 110 денари таксената марка и од 500 до 800 денари се образците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.