В понеделник, на петти јуни, Духовден, во црквата Света Софија во Охрид официјално ќе се обединат Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА), односно четворицата владици на ПОА, заeдно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА.

Според информациите на порталот Религија, на заедничката богослужба ќе чиноначалствува српскиот патријарх Порфириј, а единствениот владика од ПОА кој ќе учествува во службата ќе биде новиот дељадровско-илинденски епископ г. Јоаким.

На патријархот Порфириј ќе му сослужуваат архиепископот г.г. Стефан и тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици, а тоа се преспанско-пелагонискиот г. Петар, кумановско-осоговскиот г. Григориј и брегалничкиот г. Иларион. Со нив ќе служи и дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, како домаќин.

Од страна на СПЦ, гости ќе бидат морачкиот епископ Сава и топличкиот Петар.

Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија МТВ.

Интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА ќе финишира со заеднички ручек во Хотелот „Изгрев“ во Струга.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.