Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, имаше средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп, на која се потврдени одличните односи помеѓу двете земји.

Kако што соопштија од од министерството за одбана, на средбата е реафирмирана и заедничката посветеност кон вредностите и политиките на НАТО.

Членството во НАТО е нашиот најголем успех, придружен со бројни успешни реформи во одбраната. Континуитетот на почнатите процеси е од голема важност. Потенцијалите, особено како две сојузнички земји се големи и затоа треба да останеме амбициозни и да предлагаме и реализираме уште поголем број на активности – истакнала министерката Петровска.

Таа се заблагодарила за досегашната холандска поддршка во развојот на одбраната и Армијата, за бројните обуки, курсеви и експертски средби, како и за придонесот во развојот на нашиот НАТО центар, Регионалниот центар за односи со јавноста.

Амбасадорот Коп ја честитал успешната воена интеграција во НАТО и истакнал дека Холандија останува ангажирана на развојот на одбранбените односи со Македонија.

Министерката Петровска и амбасадорот Коп се согласиле дека има простор за зајакнување на соработката, особено од аспект на холандската експертиза за сајбер одбрана и можностите за заеднички обуки и тренинг на армиите на двете земји на полигонот Криволак и во Центарот за обука на вода во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.