Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Дејвид Моран, регионален амбасадор на КОП26 за Европа, Централна Азија, Турција и Иран.
На средбата беше разговарано за долгорочната стратегија на Република Македонија за климатска акција, со цел превенирање на постоечките ризици и креирање на решенија за ублажување на негативните последици од климатските промени, како и за мерките кои се интегрираат во националните политики.
Претседателот Пендаровски посочи дека во државата се подготвува Четвртиот национален план за климатски промени, ја реафирмираше подготвеноста и заложбите во насока на исполнување на целите од Парискиот договор и обврските преземени на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (КОП26), што се одржа во Глазгов.
На средбата беше истакнато дека e потребно да продолжи преземањето на мерки во борбата со климатските промени, како важна компонента на Целите за одржлив развој на Македонија и во согласност со Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, чиј потписник е земјава.
Остануваме посветени на креирање на политики за одржлива и безбедна животна средина, подигнување на јавната свест и јакнење на институционалните капацитети за ублажување и адаптација на климатските промени“, порача претседателот Пендаровски на средбата со амбасадорот Моран, посочувајќи дека еколошките политики, се во фокусот и на Рамката за развој „МКД2030“ што се изработува на иницијатива на претседателот.
Преку интегриран и усогласен пристап на надлежните институции, Македонија останува посветена на унапредување на соработката со Обединетите Нации, со цел ефикасно справување со климатските промени и проактивни политики за климатска акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.