Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Словачка Република, Мирослав Влаховски во рамки на ГлобСек во Братислава.
Честитајќи му на Влаховски за неговото именување за министер за надворешни работи, Османи изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави ќе се залагаат за забрзана динамика при процесот на проширување на ЕУ, особено во сегашниот временски контекст кога безбедносната архитектура во Европа е доведена пред огромен предизвик.
Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите европски интеграции. Воедно, веруваме дека Словачка ќе даде поддршка за концептот на забрзана интеграција и ќе го поддржи процесот со цел истиот да биде покредибилен,а нашите граѓани порано да ги почувствуваат краткорочните привремени чекори, истакна Османи.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи се осврна и на актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.