Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со Габриел Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата држава.
На средбата, како што соопшти МВР, била потврдена добрата соработка на МВР со УНХЦР, заедничките постигнати резултати. Соговорниците разговарале и за актуелни прашања, како и за натамошната соработка.
Заеднички го истакнавме фактот дека Македонија е држава во која во многу прилики сме ја истакнале својата солидарност и хуманост во справување со хуманитарни кризи кои предизвикале раселувања и бегалци, рече министерот Тошковски.
Од страна на Габриел Гуалано де Годој бил потенциран проблемот на лицата кои се уште се без државјанство а од страна на министерот беше потенцирано дека ќе се преземе се што е во надлежност на МВР што поскоро да се реши нивниот статус.
Наш план е и зајакнување на системот на баратели на азил со стандардни оперативни процедури преку кои граничната полиција ќе постапува во насока на олеснување на проблемите кои ги имаат барателите на азил, истакна министерот Тошковски.
На средбата била нагласена заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката во сите области во рамките на мандатот на УНХЦР.
Притоа, во однос на досега постигнатото, Габриел Гуалано Де Годој ги пренел благодарноста, но и, како што посочи, признанието дека нашата држава се цени како вистински лидер, не само во регионот во прашањата на заштита на правата на бегалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.