Во рамки на учеството на Процесот Брдо-Бриони, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
Претседателот Пендаровски му честита на Бегај за изборот на претседателската функција, му посака успешен мандат и изрази очекување дека во периодот што следи двете земји ќе продолжат да ги унапредуваат добрососедските односи.
Двајцата претседатели разменија мислења за актуелните случувања во двете земји по официјалниот почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, за текот и можните предизвици во преговарачкиот процес. Во таа насока, соговорниците изразија подготвеност за интензивирање на соработката и размена на меѓусебни искуства во процесот на трансформација на двете општества и доследно спроведување на европските реформи во сите витални области.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.