Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за време на престојот во САД остварил средба во Националниот демократски институт (НДИ), каде се сретнал со делегација предводена од Роберт Бенџамин, директор во НДИ за Централна и Источна Европа.
Претседателот Гаши се заблагодари за поддршката од НДИ на Собранието во последните 25 години и изрази уверување дека нашата успешна соработка ќе продолжи и во втората фаза од Програмата за поддршка на Собранието/ПСП. Тој истакна дека Собранието високо го цени придонесот и поддршката на НДИ за зајакнување на институционалниот развој, транспарентноста на Собранието и градењето на капацитетите на Собранието, соопшти собраниската прес-служба.
Директорот на НДИ го запознал претседателот на македонскиот Парламент со степенот на реализација на тековните проекти и следните активности.
На средбата беше констатирано дека вложувањата во собраниските капацитети претставува инвестиција од трајна вредност за државата, посочуваат од Собраниската прес-служба во соопштението.
Собранието ја почна соработката со НДИ во 1999 година со Програмата за практикантска работа, со која најдобрите студенти во државава беа распоредени на пракса во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.