Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин при што на средбата биле разменети мислења за развојот на севкупните билатерални односи, за перспективите за продлабочување на развојната соработка, како и за македонскиот евроинтегративен процес, напредокот во реформите и исполнување на копенхагенските критериуми.
Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова, двете соговорнички, ги поздравиле традиционално добрите политички односи меѓу двете земји, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази интерес за јакнење на севкупните контакти и интензивирање, односно поактивен политички дијалог со Шведска на највисоко ниво.
-Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за континуираната и доследна поддршка од Шведска на македонските еврoинтеграции, како и за севкупната досегашна техничка помош на пристапниот процес во Европската Унија и изрази очекување за натамошна соработка во однос на македонските стратешки цели. Во таа насока беше изразено задоволство од континуираната развојна соработка со Шведска со цел споделување на искуства и јакнење на капацитетите на македонските институции, особено во полето на демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, стои во соопштението.
На средбата, се посочува, претседателката Сиљановска Давкова упати честитки по повод Националниот ден на Шведска и ја истакна својата подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во сите области во кои постојат потенцијали
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.