Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими директорот на Европската организација за јавно право, Спиридон Флогаитис. На средбата, претседателката беше запознаена со целите, функционирањето и активностите на организацијата, која досега има организирано, промовирано и поддржано повеќе од 200 образовни обуки и истражувачки проекти и има обезбедено поддршка за градење на демократските капацитети на институциите во повеќе од 70 земји, информираат од кабинетот на претседателката.
Таа ги поздравила истражувачките активности на Европската организација за јавно право во насока на промоција на владеење на правото, човековите права и европските демократски вредности како и анализите на правните системи со цел изнаоѓањето на креативни решенија за нивно подобрување.
На средбата биле разгледани можностите и начините за воспоставување на соработка на Европската организација за јавно право со македонските институции.
Европската организација за јавно право, како што појаснуваат од кабинетот на претседателката, е меѓународна организација посветена на создавање и афирмација на знаењето во областа на јавното право и управување, основана во Атина во 2007 година, како продолжение на Европскиот центар за јавно право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.