Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Азај Гулијев, потпретседател на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и специјален претставник за Југоисточна Европа.

На средбата се разговараше за севкупната соработка на земјава со организацијата, како и за тековните подготовки за претседателството на Република Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Претседателот Пендаровски посочи на значајната улога на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и нивните напори да се негува плоден меѓупарламентарен дијалог за прашања поврзани со заложбите на ОБСЕ, како и да се промовираат целите на организацијата.

Во однос на подготовките за претседателството со ОБСЕ во 2023 година, претседателот Пендаровски нагласи дека нашата работа ќе биде заснована на добра волја, дијалог и меѓусебно разбирање во заштитата и промовирањето на принципите и заложбите на ОБСЕ. Приоритетите на претседателството, рече претседателот Пендаровски на средбата, ќе бидат усогласени со тековната агенда на ОБСЕ, националните како и регионалните приоритети, а исто така, ќе бидат земени предвид актуелните глобални предизвици и трендови поврзани со работата на организацијата.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во поширокиот регион, а во контекст на руската агресија врз Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.