Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски денеска во просториите на Министерството за надворешни работи, остварил работен состанок со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
-На состанокот ја потврдивме стратешката определба на Владата за спроведување на реформските заложби, во насока на забрзување на евроинтегративниот процес, притоа истакнувајќи ја поддршката која САД ја дава за унапредување на демократскиот развој и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, напиша министерот Муцунски на неговиот официјален профил на социјалната мрежа фејсбук.
На средбата, се посочува, била потврдена посветеноста и заложбата за понатамошното развивање на билатералните односи и соработката во согласност со Стратешкиот дијалог со САД.
-Како стратешки партнери и сојузници во НАТО сојузот и во актуелниот геополитички контекст, стоиме обединети во одбрана на вредностите кои ги споделуваме, стои на објавата на фб на министерот за надворешни работи Муцунски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.