Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на денешните активности се сретнал со министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и со дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски.

Како што соопштија од МВР, на средбата се разговарало за дел од активностите кои вклучуваат соработка на двете министерства.

– Во таа насока одлучено е заеднички да се вложат напори за подобрување на системот за закажување за лични документи, со цел да им се излезе на граѓаните во пресрет и да се забрза овој процес. Исто така, во наредниот период ќе се разгледа можноста за реализирање на пилот проект кој ќе се спроведе во координација на двете министерства, се наведува во соопштението од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.