Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин, на која, како што информираат од МЕП, се дискутираше за јакнењето на билатералните односи и напредокот на процесот на интеграција на земјата во Европската Унија.

Муртезани упатил честитки за преземањето на претседателството на Унгарија со Советот на ЕУ и изразил надеж дека унгарското претседавање ќе донесе напредок во пристапните преговори, истакнувајќи дека Министерството за европски прашања е целосно посветено на оваа стратешка цел за членство во Унијата. Тој ја нагласил подготвеноста на земјата за тесна и успешна соработка како со новата Европска комисија, така и со Унгарското претседателство. Во тој контекст, министерот Муртезани се заблагодарил за упатената покана од унгарска страна за негова посета на Будимпешта, за време на нивното претседавање и заедно со амбасадорот Клеин ги разгледале можностите за нејзина реализација.

Соговорниците разговарале и за важноста на регионалната соработка, истакнувајќи дека Вишеградската група во која Унгарија е членка, претставува одличен модел за споделување на добри практики и помош во имплементацијата на ЕУ стандардите. Се разговараше и за потенцијалната соработка во различни области, како и за активностите кои можат да придонесат за забрзување на процесот на интеграција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.