Добредојде и успешна дипломатска мисија му посака министерот за одбрана Владо Мисајловски на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристов Ле Риголер на денешната средба во Министерството за одбрана (МО).
На средбата на која присуствуваше и одбранбеното аташе, полковник Валери Санс, информираат од МО, се разговараше за одбранбена билатерална соработка со Франција која е активна повеќе од 28 години во областа на воено образование и јазичната обука.
-Министерот Мисајловски изрази благодарност за силната поддршка од Француската Република во остварување на нашите стратешки цели, членството во НАТО и на патот кон целосна интеграција во ЕУ, се вели во соопштението од МО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.