Министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска во Белград се сретна со министерот за одбрана на Србија, Небојша Стефановиќ со кого разговараше на повеќе теми вклучувајќи ја одбранбената соработка помеѓу двете земји, како и активното учество во регионалните иницијативи кои се катализатор за посилна регионална безбедност и стабилност. Петровска престојува во Белград во рамки на самитот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, соопшти Министерството за одбрана.

Петровска на средбата истакнала дека Македонија и Србија се две соседни и пријателски земји и дека одличната меѓудржавна соработка може да се преслика и во доменот на одбраната.

Во однос на регионалните иницијативи во кои членуваат  двете земји – иницијативата СЕДМ, Балканските медицински сили, иницијативата Б-9 на началниците на Генералштаб и Центарот за безбедносна соработка – РАКВИАК, Петровска и Стефановиќ се согласија дека активното учество во овие иницијативи е од интерес и за Македонија и за Србија, се посочува во соопштението.

На средбата, како што се наведува, станало збор и за продолжувањето на соработката во доменот на односите со јавноста, имајќи предвид дека дел од сертифицираните медиа тренери во Регионалниот центар за односи со јавноста во Министерството за одбрана, се и од Република Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.