Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денеска во Прага на билатерална средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер разговараа за перспективите на регионот и евроинтегративниот процес на нашата земја. Тема на разговор беа и предизвиците наметнати од светската енергетска криза и можностите за нивно надминување.

Премиерот Ковачевски истакна дека Македонија е целосно подготвена за процесот на скрининг што ни претстои и дека се очекува полноправно членство во Европската Унија до 2030 година.

Двајцата се согласија дека двете земји имаат одлични билатерални односи и соработка, а се разгледуваат и можностите за нивно унапредување во насока на спроведување на реформските приоритети.

Беше изразена и благодарност за безрезервната австриска поддршка од технички и од финансиски аспект која ја добиваме од Австрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.