Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков утрово остварија средба со шефицата на дипломатската канцеларија на Република Литванија во земјава, Вилма Дамбраускиене.

На средбата соговорниците ги потврдија пријателските односи и добрата билатерална соработка помеѓу двете земји.
Министерот Муртезани го поздрави отворањето на дипломатската канцеларија на Литванија во Скопје, која отвора можности и перспективи за развој и продлабочување на односите.

Дамбраускиене ја потврди цврстата поддршка на Литванија на Македонија на нејзиниот евро-интегративен пат, која Литванија континуирано ја дава за земјите од Западен Балкан преку групата “Пријатели на проширувањето”, која работи на воведување на мерки за развој на економиите од регионот.

Литванија е важен партнер на Македонија и сојузник во НАТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.