Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјата, Мартин Памер.
Најпрво претседателот Мицкоски му посака добредојде на Памер и му успех во вршењето на функциката амбасадор во Република Македонија, а посебен акцент стави на негување на блиските и пријателски односи меѓу двете држави.Соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба и евроинтегративниот процес на државата. Од страна на претседателот Мицкоски беше истакнато дека владата на СДСМ и ДУИ на дневна основа се соочува со некој нов коруптивен скандал во кои се вмешани првите владини функционери, додека стандардот и домашниот буџет на граѓаните опаѓа. И токму поради тоа се потреби брзи предвремени избори на кои народот ќе одлучи во каква држава сака да живее – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивното соопштение испратено до медиумите стои:
Воедно, Мицкоски додаде дека во моментот најактуелна е темата за уставните измени под бугарски диктат кои власта ги тера на сила и покрај тоа што 80 проценти од граѓаните не се согласуваат со ваквата одлука. Беше посочено дека бидејќи власта на СДСМ и ДУИ, нема 2/3 мнозинство не ги става уставните измени на гласање и со тоа ги прекршува законските процедури и директно го крши Деловникот за работа на македонскиот парламент.
Ставот на партијата уште еднаш беше афирмиран од претседателот, дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени, бидејќи ова не е последното барање од Бугарија, како и дека билатералните односи не смеат да бидат дел од преговори за членство на земјата во ЕУ.
Мицоски се заблагодари за досегашната поддршка од Република Австрија кон Македонија, а соговорниците се согласија дека средбите треба да продолжат и во иднина, се со цел продлабочување на успешната соработка меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.