Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Чешка Јан Липавски.
Претседателот Ахмети му се заблагодари на министерот Липавски за неговата посветеност и придонесот на Чешката Република во процесот на отворање на преговорите меѓу Република Македонија и Европската Унија, додека билатералните односи меѓу двете земји се опишани како пријателски, а соработката меѓу двете земји треба да продолжи со цел унапредување на заедничката агенда.
На средбата претседателот, Ахмети и министерот Липавски, разговарале и за политичката состојба во земјата и регионот, скрининг процесот, патот кон интеграцијата во ЕУ, енергетската криза, реформите и борбата против криминалот и корупцијата.
Двајцата соговорници истакнаа дека од особено значење е процесот на уставните измени да заврши што е можно поскоро за да се елиминираат предизвиканите доцнења за земјата и нејзините граѓани, додека Липевски додаде дека забрзувањето на евроинтеграциите е во заедничка корист како за Република Македонија така и за ЕУ, потврдувајќи ја чешката позиција дека Западен Балкан е важен и неделив дел од европското семејство.
Претседателот Ахмети рече дека овој процес треба да се изведе со помош на Брисел и Вашингтон, како што се спровеле и сите други прашања.
Ахмети нагласи дека земјата од овој процес ќе излезе како победник како што излезе победник со членството во НАТО, без никакви лоши последици за државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.