Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Флоријан Ќехаја, новиот амбасадор на Република Косово во земјава. На состанокот е констатирано дека Македонија и Косово имаат пријателски и конструктивни билатерални односи, базирани на дијалог и без отворени прашања, соопшти владината прес-служба.

Во соопштението се наведува дека заеднички е оценето дека определеноста и на Македонија и на Косово, кон развој на добрососедските односи е значајно за напредокот на целиот регион.

Во таа насока, како што стои, премиерот Ковачевски го поздрави постигнатиот договор околу документите помеѓу Косово и Србија и соопшти дека нашата држава поддржува натамошен дијалог помеѓу Белград и Приштина со цел нормализирање на односите и со тоа гарантирање на мирот, стабилноста, безбедноста на целиот регион.

На средбата се поздравени напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите и почетокот на преговорите, по членството на НАТО, како и политиките на премиерот Ковачевски и на Владата кон перспективи на граѓаните и на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.