Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот“ на Телевизија Сител, говорејќи за процесот на промена на личните документи поради промената на уставното име на државата, предложи пролонгирање на рокот за нивно вадење.
Прво, тоа е срамно понижување на македонските граѓани и непотребно“, вака вечерва претседателот ги коментираше долгите колони на граѓани кои секојдневно чекаат за вадење на лични документи.
Тој има и свој предлог кој веќе го презентирал кај двајца членови на Владата.
Второ, ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската влада – со брза интервенција во два закони – закон за лична карта и закон за патни исправи, и ако е потребно и законот за безбедност во патниот сообраќај, тоа се прави во едно попладне, знаеме дека може да се направи во едно попладне, не мора со европско знаменце да биде. Ќе ги измениме тие два закони, ќе го пролонгираме рокот, наместо февруари да биде септември-октомври, претходно ќе ги известиме и Грците дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор“, рече претседателот Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.