Социјалистичката партија на Македонија реагира на „несериозните и неодговорни изјави“ на Ковачевски искажани на Бледскиот форум. Од таму велат дека наместо да добие дополнителен мотив од соддржината на августовскиот Бледски договор од 1947 година во заштита на македонските национални и државни интереси тој и понатаму се залажува по недобронамерните и недобрососедски изјави и по нереалните рокови за зачленување на Македонија во ЕУ.
Оттаму, изјавата на францускиот претседател за функционирањето на ЕУ и приоритетот на европските реформи пред проширувањето е спротивно на слушнатите ветувања и наивните очекувања. Таа треба да е отрезнувачка за нелегитимната и се повеќе нелегална и авторитарна македонска власт, потенцираат од СПМ.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека надежите и очекувањата кои власта ги има за 2030 година за зачленување во ЕУ се последица на лошите политички анализи и производ на дилетантската надворешно политичка и дипломатска активност.
Загрижувачка е неспособноста на македонската дипломатија со необезбедите информации за француските ставови искажани на годишниот собир на амбасадори.
Меѓу сите досегашни погрешни анализи и проценки со последниов пример се докажува промашеното градење на државната стратегија и позиции, со што се овозможува и јавно бламирање на премиерот, велат од СПМ.
Социјалистичката партија на Македонија уште еднаш ѝ укажува на македонската јавност на „целосното фијаско на евроинтегративниот процес на Македонија за кој единствен виновник е неспособната и апатридна власт на СДС и ДУИ“.
Напоменуваат дека на Македонија ѝ е потребно општествено и државно ресетирање.
Потребно е запирање на процесот на уставни измени како што и е потребна нова реформска политика и нова стратегија за спроведување на евроинтегративниот процес, поставен на реални основи и на вистински пат кој ќе обезбеди упех, сочувување на достоинството на македонскиот народ и заштита на македонските национални и државни интереси, велат од СПМ.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека за рекомпонирање на македонските политички состојби единственото излезно решение се брзите вонредни парламентарни избори.
Повеќе воопшто не е важно мислењето на Ковачевски или ставот на Ахмети. После седум годишното дивеење со апсолутна власт на СДС и ДУИ, во овие услови единствено важно е мислењето на македонскиот народ и расположението на огромното мнозинство на македонските граѓани кои бараат вонредни избори за крај на агонијата од крадење, измами и предавства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.