Вчера македонскиот народ од страна на нелегитимната и ненародна Влада доживеа уште едно понижување со потпишувањето на Протоколот помеѓу Македонија и Бугарија, кој не е ништо друго освен писмен документ за начинот на кој во иднина треба да се асимилира Македонија, коментираат од Социјалистичката партија на Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија предупредува дека исполнувањето на дел од одредбите во Протоколот, заедно со менување на Уставот, се клучни услови од кои зависи суштинското отварање на преговорите со ЕУ.
СПМ потсетува дека Владата лажно и лицемерно тврдеше дека Протоколот нема да биде дел од преговарачката рамка, иако сега се испоставува дека исполнувањето на дел од одредбите во Протоколот е услов за наш напредок, што значи дека е дел од преговарачката рамка.
Воедно, Социјалистичката партија на Македонија укажува дека освен Преамбулата на Уставот ќе се менува и нормативниот дел, што е исклучително опасно и штетно за Македонија.
Оттаму, без промена на уставот нема отпочнување на преговори со ЕУ, а СПМ постојано предупредуваше токму на ова.
Предавничката Влада се обидува Протоколот да го прикаже како документ на реципроцитет.
Затоа се поставува прашање, дали промената на учебниците по историја и географија е реципроцитетот за кој зборува Владата и дали ние бараме да се променат учебниците во Бугарија, па врз основа на реципроцитет, да се менуваат учебници во Македонија.
Или можеби делот од Протоколот во кој Македонија треба јавно да потврди дека во Бугарија не постои македонско малцинсто, без разлика на добиените пресуди во Стразбур, за сметка на широките права за Бугарите во Македонија е реципроцитетот за кој се зборува.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека доколку одредени делови од Протоколот не се исполнат, повеќе од јасно е дека Бугарија ќе ги блокира нашите преговори со ЕУ.
Делот од Протоколот наречен „говор на омраза“, не е ништо повеќе од цензура. За вакви ли европски вредности се залага квислиншката Влада на предавничкиот СДС и криминалната ДУИ?
Социјалистичката партија на Македонија директно го прозива лицето Бујар Османи воопшто да не помислува на неговата изјава за носење на уставните измени без разлика на опозициското противење.
Затоа Социјалистичката партија на Македонија директно го предупредува овој медиокритет и политички насилник и криминалната клика на која и припаѓа да не се обидуваат на било кој чекор во насока на притисоци, уцени, закани и други недемократски методи за притисок врз пратениците кои несакаат да се асимилираат.
Ова сценарио по втор пат нема да помине и сето ова ја преминува границата на трппение на македонскиот народ и граѓани.
Како резултат на длаболата поделба во општеството и националното ткиво и отстапување и предавање на македонските црвени линии, Социјалистичката партија на Македонија цврсто стои зад потребата од предвремени парламентарни избори и го поддржува и се залага за барањето на оставка на целата Влада, како услов за спас на македонскиот народ и Македонија, велат од СПМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.