Социјалистичката партија на Македонија укажува дека народот со масовната излезност потврди дека си ја сака Македонија и сака да ја направи повторно горда и повторно своја.
За Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ од СДС неуспехот во првиот изборен круг е заради национализам, популизам и ксенофобија што тие ги гледаат кај опозицијата. Но токму тие треба да се погледнат себеси во огледало и да се соочат со народот и народната воља, што тие ги потценуваат, а за грешките мора да си одат и да одговараат.
Антиевропските и антимакедонските СДС и ДУИ потајно работат на модели да не успеат изборите за да може да се избира претседател во парламентот, како што сака ДУИ, или да има уставна криза. Постизборниот инжењеринг на кој се надеваат нема да успее.
Социјалистичката партија на Македонија ги предупредува криминалните партиски авантуристи во СДС и ДУИ дека народот тоа нема да го дозволи, ќе ги запре предавничките политики, ќе ги отстрани и ќе се пресмета со овие нечесни политичари кои не и сакаат добро на својата земја, велат од СПМ.
Изборите на 8 мај се историска шанса Македонија да биде каква што ја сака народот. Народот бара промени и тоа јасно го порачува со изразените огромен број гласови.
Социјалистичката партија на Македонија повикува на македонско национално и државно единство и со масовна излезност да ги победиме корумпираните политичари од криминалните СДС и ДУИ.
Да ги запреме погрешните политики и националното понижување кое овие национални партии го направија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.