Од Синдикатот на полицијата во Македонија соопштуваат дека до премиерот Димитар Ковачевски испратиле Барање за повисоки плати и средба. Ви го пренесуваме во целост:

Почитуван,

За да дојдеме до суштината на овој проблем, најпрво да дознаеме што е основата.А тоа е поимот ПЛАТА. Бидејќи во Законот за внатрешни работи и Колективниот договот ЛИСТИТЕ НА ПЛАТА се класифицирани „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ небаре како план за некоја атомска бомба, сме приморани да поставиме прашања до Вас како Премиер:

1. Дали платата во МВР ќе биде покачена врз основа на Минималната плата?
2. На кој начин ќе биде покачена платата?
3. Врз онова на кој дел од платата ( Плата, Основна плата или вредност на бод) ќе се пресметува покачување на платата, сега и во иднина?
4. Дали Вие како Министерот Спасовски сметате дека доколку ја покачите платата после сето ова ќе имате ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА а со тоа и безбедни граѓани?

Господине Премиер Ковачевски БАРАМЕ од Вас под ИТНО како Влада да иницирате измена во членот 144 став 1 и воведување на нов став 2 од Законот за внатрешни работи кои ќе гласат:
„(1)Вредноста на бодот за пресметување на платите на работниците во Министерството, се утврдува од страна на Владата, во согласност со репрезентативниот синдикат“.
(2) Владата на седница ја утврдува вредноста на бодот за секоја тековна година со писмена согласност на репрезентативниот синдикат и одлуката ја објавува секоја година во службен весник“.

Причини подради кои го предлагаме ова законско решение е тоа што со досегашното законско решение Министерот за внатрешни работи беше тој кој буквално одлучуваше за платите во Полицијата што се покажа како лош пример и пракса, и како Синдикат сметаме дека Владата како институција во иднина повеќе ќе се грижи за стандардот на вработените во Полицијата. Со јавно објавување на вредноста на бодот како што е и пракса во повеќето институции ќе се тргне дилемата за тоа колку изнесува платата во Полицијата.

Бараме и предлагаме како Премиер да предложите до Владата со Одлука, вредноста на бодот за работник во МВР наместо досегашниот износ помал од 30 денари , вредноста на бодот да изнесува 62 денари. И тоа токму со Ваша одлука, со одлука на Влада.

Почитувам Премиере Ковачевски, се надеваме дека до 15-ти Март оваа година, преку социјалниот дијалог ќе не повикате и ќе ги решиме овие ГОРЧЛИВИ проблеми и ќе го спречиме исселувањето на полициските кадри во странство. Во спротивно револтот кај колегите кој секој ден е се поголем ќе биде изразен на улица.

Господине Премиер Ковачевски, време е да започнете со правилни одлуки како и на кој начин ќе дојдеме до подобар стандард.ВРЕМЕ Е !



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.