Социјалистичката партија на Македонија укажува на инфантилната теза дека само со СДС и ДУИ државата ќе се европеизира како на уште една лага од многуте што ги искажуваат со години.
СДС и ДУИ лажно ја обвинуваат опозицијата дека е против европската иднина и дека со неа државата ќе се изолира.
Социјалистичката партија на Македонија повторува дека единствени кочничари на еворпскиот пат на Македонија се токму СДС и ДУИ. Тие потврдија дека со криминалот и корупцијата работат против својата држава и народ и ги водат во изолација.
Бараат мандат од граѓаните за да ги осиромашат и ограбуваат до бескрај. Лагите на СДС и ДУИ за повисоки плати и пензии се провидни и народот не им верува.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека единствен спас од ваквите лаги и пропаганди на ДУИ и СДС е масовното излегување на граѓаните и да гласаат за Коалицијата “Обнова на Македонија” која е вистинската сила за спас и просперитет на македонската држава.
Само со Коалицијата е можна одбрана на македонската држава, јазик, култура и идентитет, а СДС и ДУИ мора да бидат позразени за да се спречат нивните злосторнички намери кон Македонците, велат од Социјалистичката партија на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.