Синдикатот на полиција во Македонија денес преку соопштение ги запозна сите вработени во Министерството за внатрешни работи дека во тек се вработувања во КАМ маркети со почетна “НЕТО” плата од 26.500 денари па нагоре и задолжителен РЕГРЕС од 33.000 денари.

Ова е одлична можност да аплицираме од причина што нашето Министерство платата ја прикажува во “БРУТО” износ од МИЗЕРНИ 26.422 денари, а со тоа сака да манипулира со вистинскиот износ на нето платата, а регрес тоа веќе со години го нема”.
Со признавањето вчера на МВР дека платата во бруто износ е 26.400 денари, тоа значи дека нето платата на обичен полицаец е во износ од 21.000 денари и додека се одземат и овластувањата од 30%, доаѓаме до податок дека основната плата изнесува околу 15.000 денари, многу подоле од законскиот минимум.

За оваа катастрофална состојба не е виновен никој освен македонскиот полициски синдикат (тие се потписници за вредноста на бодот за платите во Полицијата)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.