Реакција на Синдикатот на полицијата во Македонија до Македонскиот полициски синдикат, која ви ја пренесуваме во целост:

Со вработените во МВР НЕМА да ти дозволиме да МАНИПУЛИРАШ!

Најнапред да ги „поздравиме напорите“на еден “привезок” од организација и “челникот” др. Маце, кој повеќе се труди да се пофали отколку да реализира некоја “договорена работа однапред”, за “наводно” покачување на платата во контекст на зголемувањето на минималната и “за прв пат” добивање на право на регрес-К15!

WOW!

Пред се ќе поставиме две прашања до докторот и поранешен доцент на еден факултет во Македонија и лидер на еден приватизиран Синдикат во МВР :

1. КАДЕ СЕ 5% ПОКАЧУВАЊЕ ШТО ГИ ВЕТИВТЕ ПРЕД НОВА ГОДИНА СО МИНИСТЕРОТ?

2. СИГУРЕН ЛИ СИ МАЦЕ, ДЕКА ЗА ПРВ ПАТ “ЌЕ ДОБИЕМЕ” ПРАВО НА РЕГРЕС?

Е сега, бидејќи ПОВТОРНО нешто обеќавате во смисол на ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТАТА, да ни објасните, ти лично д-р Маце и ТВОЈОТ приватизиран МПС, бидејќи тоа “само вие привезоците” го знаете точно, изгледа®️
Навестувате зголемување на минималецот на 18.000 денари, а со тоа скалесто покачување на платите и во полицијата.

Но на која плата?

Пред “да ја покачите” зошто не ја објавите основната плата на полицаецот?

Но не ОСНОВНАТА КОМПОНЕНТА, туку износот на баш онаа Основна плата без додатоци, која е само еден дел од Основната компонента на плата. Бидејќи е нелогично да ја покачите Основната компонента со се додатоци. Што значи, објавете го износот на Основната плата на полицаец, за да знаеме колку покачување ќе имаме.
Како ќе ја покачите, скалесто, платата, ако не ја знаеме основицата?

Прашуваме како, бидејќи платата на полиција, основната, не се пресметува како кај останатите. Односно, додека кај останатите, Основната плата се добива со пресметка на минималната со коефициент на сложеност на работите, а во полиција со вредност на бодот. Иако веќе ве прашавме, ама вие или сте неписмени или пак лажете, но, ќе барате зголемување на основната плата или ќе ја зголемите вредноста на бодот (бидејќи вредноста на бодот смеете да ја зголемите само во еден случај кој вие самите си го наведовте во КД и ако не се исполни тој услов, нема покачување на бодот)???
А ако барате зголемување на Основната плата, ќе ги пресметате ли износите на хранарината и патарината кои “наводно” се влезени во платата или не???
Следствено на ова, ДОЛЖНОСТ ВИ Е, како “единствен репрезентативен синдикат” како сами што се нарекувате да ја објавите сумата на Основната плата, НО без додаток за овластување, без хранарина, без патарина и без процент за стаж. Само така ќе знаеме колку покачување ќе има ПЛАТАТА. Бидејќи висината, износот на сите тие додатоци, ноќните, викендите, празничните, прекувремените, сменските саати-зависи од висината, износот на Основната плата.

●●●●●

За прв пат “ќе добиеме” право на регрес за годишен одмор, К15?

СИГУРНИ СТЕ?

ЕВЕ ПАК САМИОТ СЕ ФАЌАШ ВО ЛАГА, МАЦЕ, И ТОА ГО ОБЈАВУВАШ ЈАВНО!!!
И тоа се докажува многу лесно.

Далечната 1998 година, МПС, тогаш како единствен (навистина едиnствен) синдикат во МВР, за прв пат потпиша Колективен договор со МВР, во кој покрај МНОГУ права и придобивки, полицијата доби и РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, К15!!! Тој регрес се “исплаќаше” со производи како и во сите останати фирми и министерства во тоа време. Но нешто од нешто добивавме. Се додека некои “нови, алчни, расипани и лигави” персони, кои себеси се нарекуваа синдикат, не одлучија да не даваат ништо после 2003та, а во КД во 2010, 2015 и во вашиот “НОВ, УНАПРЕДЕН И ЕВРОПСКИ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР”, тоа право БЕШЕ ИЗБРИШАНО!

СВЕСНО!!! ОДГОВОРНО!!! ТИ, МАЦЕ СО ТВОЈОТ ПАРТНЕР, ПОВТОРНО ПО ВАША ЛИЧНА ВОЉА НИ ГО ОДЗЕДОВТЕ К15!!! СО ЗАКОНСКИ АКТ КОЈ ЗАВИСИ САМО ОД ВАС ДВАЈЦА!!!
И сега сакате да не убедите дека Вие- ТИ Ќе се борите/ ш за плата и К15?

Во смисол на онаа народната “Аман, бате, не ме брани повеќе”!!! Е па ајде, бидете така добри како што лажете и си играте играчки со нас, ОДГОВОРЕТЕ НА ОВИЕ НАШИ БАРАЊА, КОИ НЕ СЕ САМО НАШИ, ТУКУ И НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО МВР!!!

Или и ова ќе заврши како 5% покачување на платата???

И ќе бидеш ли “штик” и конечно да кажеш кога ќе има покачување од 5% (ако и воопшто има)?

ДЕКЕМВРИ 2022?

ПС: Ние се извинуваме ако си некаде на скијање и уживаш во придобивките кои ти ги подари твојот партнер. Прашуваме за останатите 80% колеги кои крај со крај не можат да врзат со мизерните плати во полицијата. За нив не интересира почитуван!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.