Социјалистичката партија на Македонија бара одговорност за лошите политики што ги спроведува Владата, премиерот Ковачевски, министерот Османи и вицепремиерот Маричиќ.
Во статус на Фејсбук од партијата велат:
Власта со месеци го залажуваше сопствениот народ за непостоењето на директни преговори, за наводно неотстапување од македонските преговарачки позиции, за на крај голата лага да се сведе дека не и е познат таканаречениот француски предлог.
Ќе повториме предлогот е резултат на тајните преговори меѓу македонското и бугарското министерство за надворешни работи, односно меѓу двете Влади.
Македонската јавност беше безочно лажена затоа што власта не сакаше да се изјасни за прифатената соддржина на конструкциите кои Бугарија ги смисли за да ја бугаризира Македонија.
Во предлогот се содржани сите прифаќања од македонското МНР, што се потврди од повеќе извори. Самиот еврокомесар за проширување призна дека сè што барала бугарската страна е внесено во предлогот, а за истото се согласила македонската страна.
И покрај тоа што на днешната прес конференција во Брисел Ковачевски изјави дека овој предлог во ваква форма е неприфатлив за него, за претседателот на државата, за владата, за коалициските партнери, за институциите и за граѓаните, се потврдува дека наведените највисоки државни функционери и коалциските партии во власта биле информирани, а оваа реакција следи по жестоката реакција на јавноста.
Напоменуваме дека тој ова го изјавува после соочувањето со македонскиот народ, македонските граѓани и опозицијата со јасните и отворени негодувања за неприфаќања на предлогот во Македонија.
Коалиционите партнери ДА, ЛДП и ДОМ се изјаснија против предлогот, а најавија напуштање на владата. Дали после оваа изјава остануваат на тој став или повторно се преиспитуваат
Потсетуваме на фактот дека се случи народ и тој тргна по своето.
Народот бара одговорност, бара оваа власт, овие министри и оваа откроирана номенклатура веднаш да си заминат.
Мора да се понесе политичка и секаква одговорност за отстапките од националните и државни интереси и за дадената согласност за редефинирањето на македонскиот национален идентитет како последица на наметнатото бугарско поимање на европските принципи и вредности, Таа треба да се бара кај дефинитивно неподготвената, неодговорна и несериозна македонска преговарачка страна, односно македонската Влада и директните учесници во катастрофалниот крај на македонската дипломатија и уништувањето на македонските евроинтегративни перспективи.
Тие не заслужуваат да се на местата на кои сега се наоѓаат бидејќи и нанесуваат штета на државата. Резултат од нивната неспособност се неуспесите и хаосот во сите области, од економијата, образованието, здравството, културата и во политиката водена на крајно аматерски и неодговорен начин.
Социјалистичката партија на Македонија бара под итно оставки од министерот Османи, потпретседателот Маричиќ и премиерот Ковачевски, кои лицемерно и отворено лажат пред својот народ, затоа што тие ја доведоа државата во подредена улога.
Врв на нивното лицемерие е што тие повторно и дури и во оваа ситуација лажно се претставуваат како спасители од злото што самите го создадоа и срамот кој и го нанесоа на Република Македонија.
Да се преговара за идентитетот, јазикот, историјата, а да се лаже пред народот дека тоа не се прави е срам кој ќе не следи со децении.
Оваа влада мора да си оди!
Социјалистичката партија на Македонија смета дека мора да има оставка од целата Влада и неопходноста од брзи предвремени парламентарни избори на кои ќе бидат избрани свесни и посветени патриоти кои си ја сакаат државата Македонија и се спремни насекаде да се борат за неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.