Процесот на издавање на лични документи во Скопје и во Секторите за внатрешни работи во земјава е интензивен. Во внатрешноста во земјава овој процес на замена на лични документи е сосема при крај, истакна денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во Скопје знаете дека се отвори новиот пункт се со цел да се апсорбира што е можно повеќе барања. Имајќи предвид дека само во пунктот имаме 40.000 граѓани, коишто дошле оставиле барања за лични документи, значи не за еден документ, туку за повеќе и другите пунктови низ Скопје апсорбираат. Така да сметам дека интензивната работа сега, до крајот на годината, целиот месец јануари итн. ќе се заврши целиот овој процес на најдобар можен начин – рече Спасовски.

Прашан за видеата за полициска службеничка која славела со торта, а синдикатите сметаат дека е незаконски унапредена, Спасовски одговори дека полицајката е сосема законски унапредена и ги исполнува сите услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.