Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.
На овој ден кога водата станува симбол на чистота и обнова, нека се разлие благосостојба во секое семејство и дом и нека ни биде потсетник за обновување на нашата вера и духовно просветлување.
Водици е празник на длабоките вредности на христијанството – љубовта, милоста и прошката. Нека оваа светла порака биде водич во нашиот секојдневен живот, поттикнувајќи нè на дела на добрина и соживот, пишува Спасовски во честитката објавена на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.