Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека преку VPN е многу тешко, скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат лажните дојави за бомби.

Тој вели дека ова е дел од таа хибридна војна што се води.

Мислам дека токму сега е избран тајминг кога имаме и состојба во која што имаме висок ризик за организација на настан. Осум средни училишта и едно основно училиште на територија на Скопје имавме денеска. Сите проверки се завршени, дојавите се лажни, вели Спасовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.