Министерот Спасовски во интервју за Алсат-М телевизија уште еднаш ги оцени лажните дојави за бомби како монструозен чин на хибридни закани и потенцираше дека многу е важен брз и ефикасен одговор на државата со своите партнери.
Ние ги започнавме опсежно сите истраги во овој дел, вклучени се сите институции коишто се грижат за националната безбедност и, секако, нашите меѓународни партнери. Во неколку правци одат истрагите. Имаме веќе добри сознанија од каде доаѓаат мејловите, на кој начин се испраќаат итн. Секако дека ќе ни треба и меѓународна правна помош за да можеме да ги потврдиме доказите и тоа е клучно кај вакви хибридни напади – да се обезбедат доказите, истакна министерот Спасовски.
Тој потенцираше дека полицијата мора да постапува по строго утврдени протоколи, да ги следи сите можни насоки кон кои води истрагата и во таа насока досега имаше приведени и две лица за кои се утврди дека нивните податоци и адреси биле злоупотребени, по што беа ослободени“, рече Спасовски, додавајќи: „Кога имате индиции тие мора да се испитаат, без разлика која е таа личност, на каква позиција се наоѓа, какви политички, верски и други убедувања има. Тоа е ирелевантно кога станува збор за истрага и кога се работи за безбедноста“.
За справување со хибридните закани и сајбер криминалот којшто зема замав и на глобално ниво, министерот Спасовски образложи дека веќе со години преку донесување на Стратегијата за борба со сајбер криминалот, која е во процес и на усогласување со НАТО стандардите, веќе имаме силна основа за ефикасна борба со овој вид криминал кој постојано се усовршува со развојот на информациските технологии.
Веќе имаше неколку напади на информациски системи на разни министерства, Заводот за статистика и други од кои сите беа одбиени и немаше предизвикано штета по губење на информациските податоци. Во таа насока со средства на ИПА, МВР го изгради информатичкиот Центар за заштита на податоците, кој што во суштина е тврдина за заштита на информациските системи и дигиталните податоци на институциите, а освен МВР го користат и можат да го користат сите институции, посочи министерот Спасовски во емисијата „Патот кон…“ на телевизијата Алсат -М.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.