Партиите како таа на Љупчо Палевски Палчо мора да бидат дерегистрирани. Вака синоќа на вонредна прес конференција рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
И такви политички партии кои не знам со какви провиненции ова го прават, како што е таа која е формирана, таа мора да биде дерегистрирана, рече Спасовски.
Не појасни дали веќе преземале некакви активности за да се дерегистрира партијата, која пак дозвола за регистрација добива од судот. Нејасно е зошто судот дозволил да се регистрира политички субјект кога лицето кое е регистрирано за претседател, имал серија на кривични дела.
Спасовски со реторички прашања кон новинарите на прашање за работата на партијата и заканите кон државата.
Не знаеме лицето и таа партија какви ставови застапуваа!? Не знаеме кои беа тие и што правеа измитаниот период!? Не знаевме за неговите емисии во кои што директно се спротиставуваа на напредокот на државата, НАТО, Европскиот пат итн. На тие мислам…“, додаде Спасовки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.