Спасовски на денешната прес-конференција не одговори зошто чекал три и пол месеци да го потпише решението за затворање на станицата. Не кажа и дали чувствува одговорност за несреќата во која учествуваше автобусот на „Беса транс“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одби да одговори зошто три и пол месеци го чувал во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, а го потпишал три дена по трагедијата на автобусот „Беса Транс“ кој изгоре на автопатот во Бугарија.

На новинарско прашање зошто решението го потпишал веднаш по несреќата, а не три и пол месеци претходно, кога биле констатирани неправилностите во работата на станицата, во која последен преглед поминал и автобусот на „Беса Транс“, Спасовски само кусо рече дека истрагата на Обвинителството ќе ги даде одговорите.

Затоа отвори истрага Обвинителството и ќе ги даде резултатите. Мојот одговор е дека моментално има истрага што се води и ќе ги даде резултатите, рече Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.