Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оствари средба со Сашко Коцев, директорот на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци – Регионален Центар МАРРИ во Скопје.

Од прес-службата на министерот информираат дека за време на средбата, Спасовски изразил задоволство за тоа што Република Македонија преку МАРРИ Регионалниот Центар прераснува во вистинска контакт точка за регионот на Западен Балкан за областите кои што ги опфаќа мандатот на самата iницијатива, со уверување дека поддршката што Министерството за внатрешни работи му ја дава на овој Центар ќе продолжи и во иднина.

Директорот на МАРРИ, Коцев на средбата ја искористи можноста да го брифира министерот Спасовски за тековните активности кои се одвиваат во рамки на македонското претседателство со МАРРИ и приоритетите кои се во план да се реализираат – се вели во соопштението.

Од Министерството додаваат дека за време на средбата, двете страни ја потврдиле долгогодишната соработка, при што Коцев изразил благодарност до министерот за континуираната поддршката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.