Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави дека ќе се надградува системот „Сејф сити“, а тоа ќе ги вклучи автопатиштата низ државата и други поголеми градови.
Спасовски ова го изјави во одговор на новинарско прашање по денешната посета на СВР Штип, при што најави дека и овој град е еден од тие во кој може да се прошири овој систем.
Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност, рече Спасовски во одговор на новинарското прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.