Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека додека тој раководел со министерството за внатрешни работи, немало определено мерка притвор за напад на службено лице. Според Спасовски, тоа покажува дека недоволно се води сметка во овој дел, бидејќи тој што напаѓа службено лице, ја напаѓа државата и треба да сноси одговорност.
Одговарајќи на новинарско прашање за нападот врз службено лице од страна на дрвокрадци во селото Смиловци што се случи пред две години, од кои дел беа ослободени поради недостиг на докази, Спасовски потенцираше дека мерките во овој дел треба да бидат брзи и ефикасни, бидејќи, според него, неказнивоста раѓа нов проблем.
Затоа заеднички покренуваме дебати во овој дел. Морам да признам дека сега имаме многу подобра соработка од претходно со Јавното обвинителство кое се занимава со службените овластувања на полициските службеници. Многу почесто дискутираме за проблемите што ги имаме. Но, сепак, мислам дека правопропорционално треба да оди и заштитата на човековите права, но и заштитата на службените лица, посочи Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.